четврток, 6. август 2020. Вести денес: 188
home Вести

Ана Писонеро за „Република“: Датум за преговори засега нема, посакуваме што поскоро да почнат

Ана Писонеро за „Република“: Датум за преговори засега нема, посакуваме што поскоро да почнат

Европската комисија потврдува дека денешнатa одлука на министрите за европски работи за почеток на преговори со Македонија не значи и датум за нивен почеток.

„Република“ ја праша Ана Писонеро, портпаролката на комесарот за проширување, кога ќе почнат преговорите со Македонија и зошто не бил следен примерот на Србија и Црна Гора за кои кога се носеше одлука за преговори беше одреден и конкретен датум за нивен почеток.

-Ова е одлука за земјите-членки, за деталите за тоа што е донесено  треба да го прашате Советот. Тоа е одлука во рацете на земјите-членки.Како што знаете, Комисијата посaкува поскоро започнување на пристапните преговори со двете држави-изјави Писонеро за „Република“.

Коронавирус