понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 52
home Вести

Ана Костовска со реакција за утрешната прослава на Владата: Мора да ми објасните како тоа така?

Ана Костовска со реакција за утрешната прослава на Владата: Мора да ми објасните како тоа така?

Македонската пејачка и актерка Ана Костовска се огласи по повод утрешната прослава на Владата под мотото „Голема граѓанска прослава Македонија во НАТО и ЕУ”, која ќе се одржи во 15 градови.

-Морам да поставам едно прашање, вака јавно, на оние кои осмислиле и ќе организираат прослава по повод тоа и тоа- зошто не го викнавте Владо Јаневски да ја пее химната пред 100000 народ на 17 мај (се сеќавате?), туку ја пеев јас, без хонорар, затоа што сметав дека во тој момент, единствено што можам да направам за поддршка е да пеам (тоа умеам и од тоа живеам)? М? Мора да ми објасните како тоа така? Било кој? Пари мене не ми требаат? Мустри едни…, напиша Костовска на Фејсбук.

Инаку, кај граѓаните се разви огромно незадоволство бидејќи Владата со ова прави евтин ПР, со оглед на тоа дека државава не доби ниту чиста покана за НАТО, ниту датум за преговори.

Коронавирус