вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

АМСМ: Умерен сообраќај, на граничните премини нема подолги задржувања

АМСМ: Умерен сообраќај, на граничните премини нема подолги задржувања

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија.

Оттаму посочуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Утрово, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини беше зголемен, а на ГП Богородица се чекаше околу 30 минути.

Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат и оти на сила е забраната за тешки товарни возила на државните патишта во Република Македонија.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Република Македонија се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17:00 до 22:00 часот, во сабота од 09:00 до 18:00 часот и во недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Коронавирус