сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 66
home Вести

Американските фирми потврдуваат корупција во Македонија

Американските фирми потврдуваат корупција во Македонија

Многу бизниси кои работат во Северна Македонија, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството.

-Ниту една локална фирма или непрофитна група не обезбедува услуги за проверка на потенцијални локални партнери за инвестиции, се вели во „Извештај за климата за инвестиции во 2021 година: Северна Македонија“ на Стејт Департментот.

Во поглавјето за корупција, оценките се уште по-сериозни. „Законите за борба против корупцијата повремено слабо се применуваат и со нив селективно се гонат критичари на власта и ситни прекршители. Има сериозни обвинувања за корупција во полицијата, судството и во многу други сектори.. ДКСК отвори низа случаи поврзани со корупција, кои се однесуваат на високи функционери од сите делови на политичкиот спектар, кои се обвинети за непотизам и судир на интереси. Откако Специјалната Обвинителка беше обвинета рекетарство во ноември 2019 година, и откако истече мандатот на Специјалното Јавно Обвинителство, сите случаи на СПО (кои потекнуваа од големиот скандал со прислушкувани кој откри распространети злоупотреби од поранешни јавни функционери и корупција со јавни тендери) беа префрлени на одделението за организиран криминал на Јавното Обвинителство, пишува во извештајот на Стејт Департментот.

За извештајот на Транспаренси Интернешнл, во кој Македонија беше рангирана на историски најлошото 111-то место, Стејт Департментот вели дека се должи на „отсуство на владини мерки за борба против корупцијата и против конфликтот на интерес во јавната администрација“ и дека „довел до јавно незадоволство и притисок“ да се подобри состојбата.

Коронавирус