четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 39
home Вести

Американскиот научно-здравствен совет посочи: Заев и Филипче се извор на лажни вести во корона кризата

Американскиот научно-здравствен совет посочи: Заев и Филипче се извор на лажни вести во корона кризата

По анализите на Американскиот совет за здравје и наука дека македонската Владата шири лажни вести за коронавирусот, денеска реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ и бараат одговорност.

Од таму велат дека Советот потврдил оти Македонија е меѓу земјите кои даваат погрешни податоци или фабрикувани податоци во врска со статистиката поврзана со корона вирусот.

-Македонија според „пријателите“ на Заев, Шекеринска, Филипче е во друштво на Белорусија, Таџикистан, Египет, Албанија, Македонија, Бангладеш, Украина, Сирија, САД, Индија, Иран итн. Дека владата е извор на лажни вести во контекст на статистиката за корона вирусот ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше уште лани непосредно по појавата на КОВИД-19 во земјава. Во меѓувреме, не само во врска со статистиката Владата продолжи со лажни вести и за главната алтака во борба против корона, вакцината. Вакцини ќе има во јануари, за една недела, за две недели, февруари, март. Последна вест е дека во понеделник Филипче ќе потпише договор за кинески вакцини, ама дали сега исплашен, па рече не сака да калкулира со термини?!
За сите овие лаги, кои го загрозуваат здравјето на граѓаните, мора да има одговорност!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, американскиот совет за наука и здравје ги анализираше податоците кои земјите ги објавуваат, а се однесуваат на статистиката со новозаболени, оздравени и починати од коронавирус.

Според нивната анализа Македонија е меѓу земјите кои даваат фабрикувани или сомнителни податоци за бројките за Ковид-19.

Тие објаснуваат дека некои земји ја прекршиле шемата по која се анализираат податоците, па според ова  бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во овие земји може да биде измислен или погрешно пријавен.

Меѓу земјите се и Белорусија, Таџикистан, Египет, Албанија, Бангладеш, Украина, Сирија, САД, Индија, Иран…

ЕУРО 2020

Македонија