петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 193
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Вести

Американскиот амбасадор во Грција: Направен е голем напредок во преговорите за името на Македонија

Американскиот амбасадор во Грција: Направен е голем напредок во преговорите за името на Македонија

Веруваме дека е направен голем напредок во преговорите и се надеваме дека овој напредок ќе може да се задржи, но времето ќе покаже, вели американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајет, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Пајет говорел на настан во Солун пред дипломираните студенти на американските Универзитети, а одговарајќи на прашања од публиката ги споменал и разговорите меѓу Македонија и Грција. Повторил дека САД ги поддржуваат напорите за изнаоѓање решение и од Метју Нимиц, но и од премиерите и министрите за надворешни работи на двете земји.

– Ние силно веруваме дека е во интерес и на двете земји да го решат ова прашање, после толку долго време, а исто така, признаваме дека единствено одржливо решение ќе биде она што ќе го поддржат демократски избраните влади на двете земји, истакнал американскиот амбасадор, според АНА-МПА и додал дека американската страна има голема доверба во духот што во преговорите го даваат Коѕијас и Ципрас.

(Mиа)

Коронавирус