недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Американски медиум ја уништи фалбата на Заев за странски инвестиции

Американски медиум ја уништи фалбата на Заев за странски инвестиции

Странските инвестиции два квартали по ред бележат пад, односно инвеститорите си ги повлекуваат парите. Власта вели виновна е кризата предизвикана од коронавирусот, но дека сепак и во тие услови има инвестиции, опозицијата забележува дека и за време на пандемија во регионот странските инвестиции бележат раст. Статистиката на Народна банка покажува дека и во третиот квартал странските директни инвестиции(СДИ) се во минус, односно инвеститорите си ги повлекуваат парите од земјата, а и покрај тоа што имало и нови инвестиции, сепак е забележан минус од 5,4 милиони евра странски инвестиции.

Ова го пишува “Радиото Слободна Европа” медиум кој е финансиран од американските даночни обврзници.

Во изданието на програмата на РСЛ на македонски јазик во анализа за странските инвестиции во Македонија се вели дека годинава е убедливо најлоша во овој сегмент во последниве 8 години.

Со анализата целосно се урива позицијата на премиерот Заев која се пофали дека власта има 35 странски инвестиции и дека чека 12 нови.

Бројките се сосема спротивни на тоа што го зборува премиерот.

“Во вториот квартал исто така имаше минус и тој изнесуваше 9,3 милиони евра, или вкупно во последните два квартали од почетокот на кризата -14.7 милиони евра нето-одлив на СДИ. Ако на оваа бројка се додадат 133-те милиони евра од првите три месеци од годината, се доаѓа го тоа дека во првите девет месеци од годината се забележани 119,5 милини евра странски директни инвестиции во земјава, што е еден од најслабите резултатите во последните години.

2019 година 326,3 милиони евра
2018 година 624,49 милиони евра
2017 година 181,73 милиони евра
2016 година 338,43 милиони евра
2015 година 216,72 милиони евра
2014 година 205,14 милиони евра
2013 година 252, 20 милиони евра”, пишува РСЛ.

Целата анализа на овој ЛИНК

Коронавирус