среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 166
home Вести

Американската амбасада ги советува своите државјани да не го посетуваат плоштадот и просторот пред Собранието утре и во недела

Американската амбасада ги советува своите државјани да не го посетуваат плоштадот и просторот пред Собранието утре и во недела

Американската амбасада им препорачува на своите државјани да не ги посетуваат просторот пред Собранието, во центарот на Скопје, во текот на утрешниот ден, 27-ми септември од 19 часот, односно да не го посетуваат истиот простор и плоштадот на 30-ти септември од 19 часот.

-Различни групи имаат намера да протестираат против претстојниот национален референдум за договорот од Преспа за името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се одржи во недела, на 30-ти септември. Спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат и во Скопје и во други делови од земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада советува да се избегнат секакви места каде може да има демонстрации, стои во соопштението на американската амбасада во Македонија.

Коронавирус