вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 21
home Вести

Американците бараат што поскоро да се формира Влада

Американците бараат што поскоро да се формира Влада

САД се заинтересирани Северна Македонија што е можно поскоро да има нова влада, ова се вели во изјавата од американската амбасада во Скопје за агенцијата ИНА.

Во неа се потенцира дека приоритет за земјата е да се постигне договор за нова Влада, кој ќе се фокусира на решавање на важни прашања за земјата.

„Со оглед на состојбата со ковид-19, но и со останатите важни прашања со кои се соочува земјата, приоритет е да се постигне договор за нова влада која ќе биде во состојба да одговори на овие проблеми. Од наша гледна точка, како НАТО сојузници, се надеваме дека земјата ќе го искористи позитивниот интензитет стекнат со членството во Алијансата и ќе се движи напред кон членство во ЕУ. Спроведувањето на потребните реформи и решавање на прашањата поврзани со владеењето на правото и корупцијата, вклучително и со културата на неказнивост, ќе биде клучно во овој процес. Најважно е да не се изгуби чекорот“, пишува во одговорот од американската амбасада во Скопје во однос на очекувањата за формирање на новата Влада.

Коронавирус