четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 126
home Вести

Амбасадорот на Латвија пријавил кај Димитров дека Боки бара рекет

Амбасадорот на Латвија пријавил кај Димитров дека Боки бара рекет

Судскиот процес на случајот „Рекет“ продолжи денес, а во судницата во Кривичниот суд свое сведочење даде и бизнисменот Зоранчо Митревски кој се претстави како конзул во Латвија.

Митревски кажа дека за непосредното барање пари од него, амбасадорот на Латвија го известил Министерството за надворешни работи.

-Ние стискавме палци дека СЈО ќе донесе правда во Македонија, а за мене се претвори во кошмар. Во ноември мислам дека ми пристапи адвокатот Сашко Бошков и ми кажа што му кажал Бојан Јовановски кој не беше опасност за мене, но сфатив дека приказната е многу поголема и сериозно се исплашив, рече Митревски додавајќи дека го пријавил непосредното барање на пари од него.

За барањето пари, Митревски го известил амбасадорот на Латвија во Македонија.

-Кога му кажав што се случило, беше непријатно. Амбасадорот го известил министерот за надворешни работи, по што замина од државата. Од министерството пробаа да ме контактираат на непосреден начин, а јас одлучив дека нема потреба да разговарам со нив бидејќи контактот е непосреден, рече Митревски.

Митревски потенцираше дека не размислувал да даде 2 милиони, кои како што кажа неговиот адвокат Бошков, му биле барани од Бојан Јовановски за да запрат истрагите кои ги водело СЈО против него.

Коронавирус