сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Амбасадорот на Израел во посета на Охрид

Амбасадорот на Израел во посета на Охрид

Денес на протоколарна средба со градоначалникот на Охрид, беше Амбасадорот на Израел, Дан Оријан.

-Традиционално на средбата беа потврдени добрите и пријателски релации на Охрид со државата Израел и одличната меѓусебна соработка. Се разговараше и за продлабочување на соработката во повеќе области, помеѓу кои се образованието и туризмот. – соопшти општинската прес служба.

Инаку, поради завршување на мандатот ова е последна официјална посета на Дан Оријан во Охрид, како амбасадор на Израел во РС Македонија.

Коронавирус