вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 177
home Вести

Амбасадорката Кноц во 2009 г. зборуваше: „Македонците од градинка ќе учат албански, Македонија ќе биде Северна”

Амбасадорката Кноц во 2009 г. зборуваше: „Македонците од градинка ќе учат албански, Македонија ќе биде Северна”

Во 2020 година ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име – Северна Македонија. Владата ќе биде составена од партија со име Нова македонска партија, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик, кој ќе го учат уште од детски градинки, изјави во 2009 година тогашната германска амбасадорка во земјава, Урлике Кноц, по што уследи протестна нота од МНР.

Дали сценариото за двојазична Македонија и промена на името на државата е подготвено многу одамна и сега само се реализира? Сегашните прилики потсетуваат на платформата која во март 2009 година ја обзнани тогашната германска амбасадорка Урлике Кноц.

Кноц, пред студентите од Педагошкиот факултет истакна дека во 2020 година Македонија ќе влезе во ЕУ, но како „Северна”, а Македонците ќе го учат албанскиот јазик од детски градинки.

– Во 2020 година ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име – Северна Македонија. Владата ќе биде составена од партија со име Нова македонска партија, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик, кој ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 година ако се работи на политички план, изјави тогаш Кноц.

Веднаш потоа амбасадорката доби остра вербална нота во МНР да не излетува од рамките на амбасадорските норми, но, таа објаснуваше дека се работи за “симулација“ во која учествувале ученици од Албанија, Косово и од Македонија, со особено нагласување “млади од албанскиот дел на Македонија и од македонскиот дел на Македонија…“.

Освен вложениот протест македонското министерство за надворешни работи, тогаш и укажа на амбасадорката Кноц да се држи во рамките на своите овластувања и надлежности и да не излегува од својот дипломатски мандат.

Но, како што стојат работите, денеска таа “симулациска игра# е реалност и веќе се спроведува. Почна со официјализирање на албанскиот јазик и гласањето на Законот, а ќе продолжи со смена на името, за кое веќе се водат интензивни преговори.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на средбата во Солун во четвртокот изразија оптимизам дека е можно решение. Владите во Скопје и Атина од медијаторот Метју Нимиц на претстојната рунда разговори на 17 јануари во Њујорк очекуваат иницијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името. Димитров и Коѕијас се согласија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името.

Пеглањето на разликите за спорот за името очигледно влегуваат во посериозна и деликатна фаза, со оглед на желбата за тајност на оваа средба на шефовите на дипломатиите, кои клучните консултации ги имаа зад затворени врати. Средбата Димитров-Коѕијас беше најавена од двете министерства во исто време, но не беа соопштувани локацијата, ниту времето, се до последен миг.

Еден ден пред средбата на двајцата министри за надворешни работи, во Атина со Коѕијас разговараше и македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Бујар Османи, кој истакна дека во моментов постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот со Грција за името.

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за радиото Солун 94,5 објаснува дека промена на уставното име, употреба во внатрешноста на земјата и заложба владата зад себе да го остави иредентизмот, се барањата од официјална Атина за постигнување решение.

Ѕанакопулос истакна дека намерата на владата е да постои најширок можен парламентарен и политички консензус за евентуалното решение. Портпаролот на македонската Влада, Миле Бошњаковски, пак, истакна дека се работи на можно решение кое би одговарало на двете страни.

Со интензивните комуникации, Македонија и Грција демонстрираат позитивна меѓусебна клима во однос на разликите околу името, како што од двете земји бара меѓународната заедница. Пораки за решение во првата половина на годинава испратија и властите во двете земји, предводени од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Извор: vecer.press