среда, 2. декември 2020. Вести денес: 103
home Вести

Аманатидис: Доколку има согласност од другата страна, ќе има договор

Аманатидис: Доколку има согласност од другата страна, ќе има договор

Доколку има согласност од другата страна, тогаш ќе имаме договор, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис во интервју за грчката телевизија „Скај“.

Заменикот на Коѕијас, коментира дека по 11 месеци преговори, по важните средби во текот на мај како меѓу министрите за надворешни работи, така и меѓу двајцата премиери, сега Зоран Заев и Алекис Ципрас го оценуваат она што го одлучија шефовите на двете дипломатии, а го разработија техничките и правните тимови од двете страни.

– Договорот треба да биде заемно прифатен, тоа е значењето на договорот, дека е прифатен од двете страни. Сметам дека договорот што ќе дојде, ќе ги има карактеристиките што ги постави нашата земја. Сложено име, ерга омнес, уставна ревизија, рече Аманатидис, а во однос на тоа дали постои име што преовладува за решение објасни дека за време на последните преговори во Брисел било разговарано за четирите предлози од медијаторот.

Аманатидис изрази надеж дека договорот ќе добие широка поддршка во Грција.

– Еден договор со овие карактеристики е во национален интерес и верувам дека ќе биде поддржан од мнозинството и во парламентот и во општеството, бидејќи не само што го решава прашањето на таков начин што нема да постојат конфликти, туку сите теми се разјаснети, нема да има прашања за кои ќе речеме оставете ги за во иднина и за кои би се отворило поле на конфликти. Ќе биде одржлив, комплетен договор, објасни заменикот министер за надворешни работи на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Аманатидис рече дека црковниот аспект на прашањето е особено важна и позитивна разврска, бидејќи независно од договорот, решава еден нерешен проблем.

– Пред сѐ е црковно прашање, кое има свој аспект во внатрешноста на спорот. Конкретната црква има 10 митрополити и околу 1.600.000 верници. До 1767 постоеше посебна Охридска архиепископија, односно името е историско, не е случајно име. Од 1767 до 1920 припаѓа на Вселенската патријаршија, од 1920 се приклучи кон Српската патријаршија. Во тој период на геополитички прераспределби, постоеја проблеми и од 1967 година нема односи со никоја друга црква, рече Аманатидис во интервјуто за грчката телевизија, пренесе МИА.

(Миа)

Коронавирус