вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Вести

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива по состанокот на претседателството одлучи да преговара за влез во Влада.

-Разговаравме за политичката состојба во земјата и констатиравме дека ние сме длабока почитичка, енергична и здравствена криза. Овој ќорсокак предизвика многу неизвесна. Јас согледавме оваа ситуација и Алтернатива како сериозна партија како можеме да ја откочиме оваа ситуација. Одлучивме да и дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за земјава да се надева на датум за преговарање со ЕУ. Го овластивме претседателот да комуницира со актуелниот премиер или новиот мандатар за да се види дали има простор за заедничка владина програма. Се зависи од тоа што ќе се разговара и што ќе се договори. Одлуката дали ќе влеземе во владината коалиција зависи од централното собрание, кое ќе може да се состави кога ќе има детали од преговорите, истакнаа од Алтернатива.

Тие не кажаа што ќе бараат од СДСМ за влез во Владата.

Коронавирус