четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

АЛСАТ: СДСМ и ДУИ со локални шерифи пред изборите

АЛСАТ: СДСМ и ДУИ со локални шерифи пред изборите

Случајно или не, овие денови се очекува Владата да го донесе Актот за систематизација во Министерството за внатрешни работи, дознава АЛСАТ од свои извори. Во овој предизборен период, станува уште посомнително прашањето за можната злоупотреба на оваа внатрешна реформа поради назначувања или позиционирање на партиски активисти од страна на СДСМ и ДУИ од владејачката коалиција, односно од двајцата шефови на МВР. Дилемата е колку ефикасно ќе биде „Пржинското“ Министерство за внатрешни работи врз основа на Пржинскиот договор и покрај тоа што министерот за внатрешни работи ќе биде од опозицијата, но директорот на Бирото за јавна безбедност и голем процент од полициските началници сепак ќе бидат луѓе од актуелната власт?

АЛСАТ дознава дека СДСМ и ДУИ се во трка да ги зајакнат своите позиции во редовите на главните началници и другите клучни полициски позиции, како подготовка за зацврстување на политичките позиции на постојната коалиција за време на техничка влада и предизборниот преиод во земјава.

Актот за систематизација предвидува формирање на 27 органи за внатрешни работи кои ќе бидат територијално организирани структури. Но, на чело на овие тела ќе бидат главните началници, назначени благодарение на ексклузивното право на министерот, во соработка со заменик–министерот надлежен за албанските квоти. Овие началници речиси ќе бидат полициски шерифи за одредени области, бидејќи тие под команда ќе ја имаат не само униформираната полиција, туку и криминалната и локалната сообраќајна полиција.

Од 27-те органи за внатрешни работи, пет ќе бидат на територијата на Градот Скопје, додека другите 22 ќе се однесувата на други региони низ целата држава. Врз основа на 25-тте % за правична застапеност загарантирана со Охридскиот договор, во градовите со доминантно албанско население, како што се Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и еден орган во градот Скопје, ќе командуваат кадри Албанци.

Но, како што дознаваме, секое назначување на функцијата шеф на органот за внатрешни работи целосно ги исклучува локалните власти. Ниту една општина нема право да сугерира или предлага полициска личност на должноста локален шериф, што е во спротивставност со децентрализацијата на власта.

Било кој од овие главни началници назначени од министерот и заменик-министерот Албанец ќе ужива автономија во својата дејност, почнувајќи од наредбите, командите, полициски операции итн.

Јасно е дека новиот Акт за систематизација ќе ја ослабне улогата на кој било технички министер од опозицијата, бидејќи локалните шерифи ќе одговараат пред органот кој ги назначил, односно досегашниот министер или заменик-министер. Според Пржинскиот договорот, новиот министер од опозиција има право да замени до 15 полициски началници од целата хиерархиска структура на МВР, што значи дека локалната полициска мрежа ќе биде далеку од реална контрола на новиот министер, особено во пресрет на изборите. Исто така, од оваа можна зделка за шефовите на МВР со 27-те органи за внатрешни работи, се дознава дека преостанатите 8 актуелни сектори за внатрешни работи низ цела Македонија ќе останат непроменети.

Математички, бројот на началници на полицијата, 27 органи за внатрешни работи плус 8 сектори за внатрешни работи се зголемува на 35. Новиот министер, од целата хиерархиска структура на МВР може да промени само 15 полициски службеници, додека во случај на нивна промена, се активира принципот на сврзаните потписи со дополнителни заменици-началници.

Со ова се чини дека полициската структура останува алатка на власта. Оваа иницијатива е продолжение на политичкиот пинг-понг во Македонија, исто како во првата влада по Пржининскиот договор, кога ВМРО се обиде да го задржи шефот на Бирото за јавна безбедност што тогаш го водеше Митко Чавков. По предлог на министерот, Актот за систематизација го донесува само Владата, а опозицијата не може да ја блокира иницијативата. Изворите на АЛСАТ велат дека Актот за систематизација најверојатно ќе помине на владина седница во вторникот. Исто така, со овој акт се предвидува укинување на постоечките единици АЛФА и на Едницата за јавна безбедност и јавен ред. Ќе се формира нова единица за интервенција.

ИЗВОР: АЛСАТ