четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 20
home Вести

Алсат- M: Заев му се извини на Хашим Тачи и на Косово

Алсат- M: Заев му се извини на Хашим Тачи и на Косово

Премиерот Зоран Заев остварил телефонски разговор со косовскиот претседател Хашим Тачи во врска со разговорот со руските комичари, во кој заев Заев мислејќи дека разговара со украинскиот претседател Петро Порошенко, дава детали за можниот договор со размена на територии меѓу Косово и Србија, пренесува Алсат- М.

Како што изјави претседателот Тачи, премиерот Заев се извини за мешање во косовското прашање, објаснувајќи дека информациите сги обезбедил од руски Спутник и дека немал официјални информации.

Претседателот на Косово додаде дека односите меѓу Косово и Северна Македонија остануваат стабилни.