петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 78
home Вести

„Алсат М“: Три сомнителни случаи во Дебар за можна инфекција со вирусот Корона

„Алсат М“: Три сомнителни случаи во Дебар за можна инфекција со вирусот Корона

АЛСАТ дознава дека од најмалку 3 лица биле земени примероци за ноќен тест, чии резултати се очекува да бидат официјално објавени денеска.

Во меѓувреме, според податоци на Алсат М, до овој момент, 349 граѓани се ставени во карантин, со одлука на Здравствениот инспекторат, додека околу 3790 граѓани се во самоизолација.

Синоќа од Министерството за здравство соопштија дека во земјава вкупно 48 лица се погодени од вирусот ковид-19, а 6 нови случаи беа потврдени во текот на вчерашниот ден, вклучително и 4-годишно девојче. Вирусот е потврден и во Гевгелија, Прилеп, Скопје, Дебар и Гостивар.

Најнови вести

Коронавирус