Во струшко Калиште формирано вештачко езеро во близина на охридско езеро. Поради дождот и топењето на снегот, поплавено е 100 хектари земјоделско земјиште. Жителите велат дека најголема причина за ова не е брзото топење на снегот, колку што е нечистењето на каналите од властите.
Водата од преплавениот канал што доаѓа од селото Радолиште до Калиште тече директно во полето, кое што целосно е под вода. Според жителите, овој канал не е исчистен повеќе од десет години.
Исто така, постои опасност од поплавување на патот и со тоа целосно изолирање на регионот. Водата од каналот веќе почна да се излева на патот.
Жителите бараат, локалните власти во Струга и државата да започнат со чистење на каналите во Струга. Тие се плашат дека со пролетните дождови ситуацијата може дополнително да се влоши и да имаа поголеми поплави.