недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Алсат М: Најголем број од амнестираните биле крадци и шверцери

Министерот покрај големиот број на поситни кривични дела се соочува и со десетина нерасчистени убиства. Експертите и критичарите на власта велат дека со ослободувањето на овие луѓе дополнително ќе се влоши безбедноста на граѓаните.
Алсат М: Најголем број од амнестираните биле крадци и шверцери

Според Алсат М, најголем број од амнестираните со новиот закон за амнестија биле осудени крадци и шверцери.

-Од затворот Идризиво до судовите ги испратиле последните двесте предмети, со што вкупно досега се разгледувани 1.400 барања за амнестија. Судовите имаат законски рок од пет дена од приемот на предметот за да се изјаснат дали осуденикот ги исполнува условите за да биде пуштен на слобода. Инаку, според досегашните евиденции најголем број од оние кои ќе може да ги напуштат затворите се следниве категории на осуденици: Имено, осудени за кражби, разбојништва, недозволено држење оружје и за поседување и шверц на дрога…Сега во „Идризово“ има околу 1.800 затвореници, но бројот секојневно варира. Се очекува по амнестијата тој да се намали на околу 1.200 пренесува Алсат.

Министерот за внатрешни работи секојдневно се соочува со критики во јавноста поради неажурноста и големиот број на нерасчистени кривични дела во изминативе месеци како и огромниот наплив на криминал.

Министерот покрај големиот број на поситни кривични дела се соочува и со десетина нерасчистени убиства. Експертите и критичарите на власта велат дека со ослободувањето на овие луѓе дополнително ќе се влоши безбедноста на граѓаните.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на неколку прес-конференции образложи дека токму овој закон негативно ќе влијае на безбедноста на граѓаните, а  вината за секој ослободен сторител на кривично дело кој ќе го повтори делото ќе падне директно на власта.

Доколку го земеме превид профилот и кривичните дела сторени на амнестираните затвореници кои ги објави Алсат, стравот во јавноста е целосно оправдан.

Најнови вести

Локални избори 2021