недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 51
home Вести

Алсат-М: Косово нова дестинација за младите спецјализанти од Македонија

Алсат-М: Косово нова дестинација за младите спецјализанти од Македонија

Разочарани поради неисполнувањето на ветувањата, младите лекари спецјализанти ја разгледуваат можноста за продолжување на нивните кариери во Косово, пренесува Алсат-М.

Ова е поради подобрите услови за лекарите кои ги нуди соседната држава, велат спецјализантите.

„Косово, кое е релативно млада држава, одеднаш ги зголеми платите за 100% и сега платите на лекарите специјализанти , медицинскиот персонал и медицинските сестри се драстично повисоки отколку во Македонија. Ова може да нѐ излаже и нас да одиме во Косово за да работиме како лекари. Ако Косово може да направи такво нешто, значи дека сè додека постои волја, проблемот може да се реши и во Македонија. Никогаш не гарантирам дека ќе останам тука, особено поради условите кои нудат другите земји“ вели Марио Јовановски, спецјализант во Клиниката за кардиологија.

Специјализантите се разочарани и од ветувањата на министерот за многу прашања. Дежураат од 18 до 24 часа, бесплатно, а немаат ниту здравствено или пензиско осигурување.

Единственото решение го гледаат во новиот закон за заштита на лекарите. Министерот за здравство Филипче уште еднаш вети зголемување на платите за специјализантите, медицинските сестри и другиот медицински персонал со средно образование.

„Во моментот се прават пресметки за тоа колку пари треба да се одобрат од буџетот за да се зголемат платите на докторите специјалисти, со цел да ги достигнеме нашите ветувања за платата да достигне до 100.000 денари и да не ги заборавиме и медицинските сестри и кадрите со средно образование“, изјави министерот за здравство ,Венко Филипче.

Филипче рече дека на крајот на оваа година ќе се зголеми и коефициентот на плаќање на матичните лекари по главата на пациент.

„Коефициент на матичните лекари ќе се зголеми до крајот на овој месец, поточно на 1 ноември 2019 година со што ќе им се помогне за надминување на финансиските проблеми кои во секојдневието им наметнуваат проблеми во пристапот кој го обезбедуваат за пациентите за пациентите и квалитетот здравствената заштита, со оглед на тоа што многу многу години овој коефициент не е променет“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Според ветувањата на Владата, платите на лекарите до 2020 година треба да достигнат 100.000 денари.