недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 82
home Вести

Алпскиот воздух никако да дојде: Макрадули им порача на граѓаните да си ги сменат грејните тела, а интервентни мерки немало да има!

Инаку Македонија од почетокот на годината никако да се симне од врвот на светската ранг листата на најзагадени земји во светот „Аирвижн“.
Алпскиот воздух никако да дојде: Макрадули им порача на граѓаните да си ги сменат грејните тела, а интервентни мерки немало да има!

Жителите на Македонија никако да го дочекаат алпскиот воздух кој го ветуваше Заев за време на предизборната кампања пред неколку години.

Денеска речици да нема град во Македонија кој не е загаден.

Утрово најзагаден македонски град е Гостивар со 63 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека зад него се наоѓа Велес и Тетово.

Помалку загаден воздух денеска дишат кичевчани и битолчани, додека скопјани, поточно центарци утрово се разбудија со 41 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.

Инаку Македонија од почетокот на годината никако да се симне од врвот на светската ранг листата на најзагадени земји во светот „Аирвижн“.

И додека граѓаните мака мачат со загадениот воздух и болниците се преполни, заменикот министер за животна средина Јани Макрадули тврди дека Скопје не е загадено и дека нема потреба од преземање интервентни мерки.

-Државните мерачи се веродостојни и тие не регистрирале загрижувачки просечни вредности тврди заменик-министерот за животна средина.

Tој додава дека оваа сезона за разлика од минатите, просекот на концентрации на ПМ честички бил значително намален, па затоа немало потреба од интервентни мерки. Само со промена на системите за затоплување проблемот ќе се реши порача Макрадули.