среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Алкалоид“ ја заврши 2017 година со раст на продажбата од 10 отсто и 143 нови вработувања

„Алкалоид“ ја заврши 2017 година со раст на продажбата од 10 отсто и 143 нови вработувања

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 6.932.176.270 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.305.754.848 денари, бележи зголемување од околу 8%, единечната нето добивка изнесува 765.954.710 денари и истата е зголемена за 9%.

Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 9.094.716.094 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 5%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 13%. Од вкупните консолидирани продажби,38% се остварени на домашен пазар, додека 62% се остварени на странски пазари.

Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во В.Британија со продажби од 202.665.540 денари што претставува зголемување за 13 пати и Унгарија со продажби од 31.452.936 денари што претставува зголемување за 3,5 пати споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Романија раст од 60%, Чешка раст од 22%, Полска раст од 65%, Словенија раст од 12%, Хрватска раст од 13%, Русија раст од 17%, Украина раст од 208% итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21%, Кардиолошките препарати со 16%, Антибиотиците со 14%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 9% и Билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.413.336.067 денари бележи раст од 9%, додека нето консолидираната добивка во износ од 809.277.171 денари е зголемена за 11%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2017 година изнесуваат 861.420.437 денари.

Во периодот јануари – декември 2017 година во Алкалоид се реализирани 143 нови вработувања во Република Македонија.

Коронавирус