понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 156
home Вести

Алијансата за Албанците  бара бесплатно тестирањето за печалбарите

Алијансата за Албанците  бара бесплатно тестирањето за печалбарите

Пандемичката состојба се влошува и очигледно е дека излегува од контрола. Владата докажува неспособност и ги оптеретува животите на граѓаните во секоја област од животот. Печалбарите кои се враќаат во својата татковина за да ги поминат годишните одмори со членовите на семејството, исто така, го доживуваат ова на своја кожа. На граница, на некои луѓе не им се прифаќаат тестовите направени во западните земји каде што работат, и ги принудуваат да се тестираат во Македонија со надуени цени, до 100 евра, што предизвикува огорченост и разочарување од ненормално однесување на државата, каде што се родени, инвестираат и плаќаат даноци како и сите други граѓани и се главните автори за пополнување на државниот буџет, обвинуваат од Алијансата на Албанците.

Алијансата за Албанците го крева својот глас против оваа појава и бара од државните гранични власти да не бидат селективни на границата и да постапуваат правично кон сите граѓани и да не го влошуваат влезот на граѓаните во татковината.

-Сведоци сме дека повеќето тестови се донации од меѓународната заедница и бараме да бидат ослободени истите граѓани од нивната исплата како на границата така и во здравствените установи во рамките на државата. Исто така, бараме тестовите направени во западните земји да бидат прифатени како валидни и да се дозволи слободно движење на нашите печалбари, кои заслужуваат дури и повеќе, велат од АА.

 

Коронавирус