вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 130
home Вести

Алијанса за Албанците: Задоцнетите оставки, обид за да се избегне одговорноста

Алијанса за Албанците: Задоцнетите оставки, обид за да се избегне одговорноста

Според Алијанса за Албанците, тие коишто пред само 24 часа рекоа дека е време за предизвици, а не за оставки, по објавувањето на првите индиции за трагични грешки во изградбата на модуларната болница во Тетово, даваат оставки.

Овие задоцнети оставки, ценат од оваа партија, се обид да се оправда, како што велат, нефункционалната влада која мора да поднесе оставка до последниот, тактика на неодговорни функционери за да ја покријат својата вина, брзање да го амортизираат револтот на граѓаните и игра да избегаат од одговорноста.

– Во минатото видовме случаи што завршија со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели, но без никаква кривична одговорност. Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи и ги изгори срцата на сите нас. Овој случај не смее да остане без правда и без одговорност. Го повикуваме обвинителството да не подлегне во политички игри, да дејствува итно и да не дозволи ниеден од осомничените да избега и да ни се случи „Будимпешта 2“ – потенцираат од Алијанса за Албанците.

Коронавирус