среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Алијанса за Албанците оди со сопствен канидат за претседател- Села ќе го почека Заев за нова промена на Уставот

Алијанса за Албанците оди со сопствен канидат за претседател- Села ќе го почека Заев за нова промена на Уставот

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во неговото вчерашно гостување во емисијајата „Клик Плус“ на телевизија 21, најави дека неговата партија ќе излесе со свој кандидат за Претседател на државата на престојните претседателски избори.

Села вели дека ќе го почека Заев да направи нова промена на Уставот, нешто што самиот Заев му го ветил за време на преговорите за обезбедување двотретинско мнозинство за веќе изгласаните уставни промени, за да се направат промени Претседателот на државата да се бира во Собрание затоа што тоа им била програмска определба. И ако во моментов нема соодветен терен за нови уставни промени, тогаш тие ќе излезат со кандидат Албанец кој во првиот круг требало да ги собери сите албански гласови.

-Програмска определба на Алијансата за Албанците е изборот на претседателот на државата да се прави во Собрание. Тоа бара промена на Уставот. Промената на Уставот е елемент кој нам ни се вети од овие политички актери заедно со актуелниот премиер Заев, дека кога наредниот пат ќе се отвори Уставот ќе го средиме и јазикот. И во функција на тоа е ова прашање. Така што ние не се откажуваме лесно. Така што ќе ја следиме како ќе се развива политичката ситуација и ако во моментов нема терен да се отвори Уставот, Алијансата за Албанците ќе излеземе со свој кандидат на претседателските избори, рече Села.

Коронавирус