понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 141
home Вести

Алијанса за Албанците: Коалицијата СДСМ-ДУИ ги охрабрува партиските насилници да се однесуваат како локални шерифи

Алијансата за Албанците наведува дека секогаш ќе биде во одбрана на слободата на изразување и ќе води заеднички битки со медиумите и невладиниот сектор во одбрана на демократијата и слободата на изразување.
Алијанса за Албанците: Коалицијата СДСМ-ДУИ ги охрабрува партиските насилници да се однесуваат како локални шерифи

Најостро ги осудуваме заканите и навредите упатени кон Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, од страна на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир Беќир Асани, кој што е близок соработник на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците.

-Владината коалиција СДСМ-ДУИ, исто како режимската власт ВМРО-ДУИ, продолжува да ги охрабрува партиските насилници да се однесуваат како локални шерифи, да им се закануваат на новинари, да тепаат полицајци и да бидат недостапни за правдата. СДСМ и ДУИ немаат право да зборуваат за ЕУ-интеграции, најмалку вицепремиерот Бујар Османи кој не може да ги штити новинарите кој што се заканети од страна на неговите сопартијци. Се додека имаме партиски експоненти за кој не важат законите, ние сме далеку од поделба на партијата од државата, а овој е типичен пример кој што најдобро го потврдува тоа, се наведува во партиското соопштение.

Алијансата за Албанците наведува дека секогаш ќе биде во одбрана на слободата на изразување и ќе води заеднички битки со медиумите и невладиниот сектор во одбрана на демократијата и слободата на изразување.

-Секоја закана кон новинарите е политички атентат врз слободата на изразување. Бараме од Владата, МВР и јавното обвинителство под итно да преземат дејствија за да ги штитат граѓаните, во конкретниот случај новинарите кој што се заканети, и да не ги брани заканувачите само поради нивната партиска припадност, порачуваат од Алијанса за Албанците.

 

Најнови вести