среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 65
home Вести

Алијанса на Албанците: Оливер Спасовски, држете ги рацете подалеку од младите

Алијанса на Албанците: Оливер Спасовски, држете ги рацете подалеку од младите

Денес, активистите на младинските форуми на коалицијата Алијанса за Албанците & Алтернатива имаа закажано прес-конференција пред Министерството за образование и наука, за да реагираат за последниот скандал во учебникот за географија од втора година за реформираната гимназија, каде за Албанците се напишани дезинформации и клевете кои се навредливи и понижувачки за албанската научна и национална вистина, стои во соопштението на Алијанса на Албанците до јавноста.

– Иако имаше соопштение за јавноста и конференцијата беше јавна, полицијата на Оливер Спасовски очигледно спречи нашите млади луѓе да реагираат на ваквата научна вистина, па ги испрашуваа, па дури и се закануваа дека „го нарушуваат јавниот ред“, велат од партијата.

– Ова е причината зошто коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го изразува своето длабоко огорчување и реагира дека забраната за прес-конференции, користејќи само слобода на говор, не наликува на една демократска земја за која тврдат дека е Северна Македонија, а уште помалку, земја аспирант да биде членка на ЕУ. Ако државата не успее да гарантира слобода на говор и јавни политички ставови, тогаш таа држава не е веќе демократска, туку диктатура на глупости. За волја на вистината, ако организирање прес-конференција и изјавување на неоспорна научна вистина е „нарушување на јавниот ред“, тогаш каква е клеветата што авторите на горенаведената книга им ја прават на Албанците, прашуваат од партијата.

Затоа, министре Спасовски, држете ги рацете подалеку од младите, затоа што полициската држава секогаш завршувала лошо за началниците на полицијата. Имате многу такви примери и добро е да бидете внимателни. Нека биде ова прв, единствен и последен случај! Во спротивно, ќе се соочите со реката на младоста на улица, посочуваат од Алијанса за Албанците.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија