четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 129
home Вести

Алијанса и Алтернатива поднесоа интерпелација за Спасовски: „Ова со Мијалков е театар“

Алијанса и Алтернатива поднесоа интерпелација за Спасовски: „Ова со Мијалков е театар“

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, односно нивните лидерите Зијадин Села и Африм Гаши денес на прес-конференција информираа дека поднеле интерпелација за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за вчерашниот скандал со бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Тие исто така најавија дека ќе го поддржат и предлогот за интерпелација на Владата, и за создавање ново парламентарно мнозинство.

„Ова е театар. Мијалков го нема два дена дома, а во неделата неговите жена и деца не знаат каде е нивниот татко, односно не знаат дека е во изолација и е болен. Знаете што е најскандалозно? Сашо Мијалков повторно е дома. Тоа е доказ за договор меѓу Мијалков и Заев. Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се заедно со владата“, вели Села.

Тој кажа дека живееме во држава каде од час во час има нов скандал, а политичарите од власта ги нарече лажговци.

Гаши повтори дека ги повикуваат земјите членки на ЕУ да донесат тим судии и обвинители кои повторно ќе ги отворат сите монтирани политички процеси од „Монструм“, „Алфа“, па се до „27 април“, но и според него, монтирани судски случаи од осамостојувањето до сега, за како што вели, сите корумпирани политичари да одговараат оти само така ќе има правна држава. Според коалицијата, ние имаме судии и обвинители кои се прилагодуваат на партиите кои се на власт.

Најнови вести

Коронавирус