петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Али Ахмети во самоизолација

Али Ахмети во самоизолација

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во самоизолација во својата куќа во Зајас.

Фотографијата на Ахмети од самоизолација ја објави на Фејсбук неговиот брат Фекри Ахмети.

– Останете дома! И следете ги препораките на надлежните. Да ја поминеме оваа пандемија лесно, порача братот на Ахмети.

Од партијата велат дека по сугестии на сопартијците Ахмети е во самоизолација дома во Зајас. Тие му препорачале на лидерот да не доаѓа во партиското седиште во Мала Речица бидејќи кога тој е во Централата многу сопартијци доаѓале, а со тоа се зголемувал ризикот Ахмети или некој од партијата да се разболи.

Фотографијата на Ахмети во самоизолација е впечатлива бидејќи досега никој го нема видено лидерот на ДУИ неизбричен.

Најнови вести

Коронавирус