вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 49
home Вести

Али Ахмети реизбран за претседател на ДУИ

Али Ахмети реизбран за претседател на ДУИ

Али Ахмети со акламација е реизбран за лидер на ДУИ на денешниот четврти изборен Конгрес на партијата.

За старо-новиот претседател на интегративците гласаа повеќе од 800 делегати на настанот што се одржа попладнево во СРЦ „Кале“ во Скопје.

-Благодарност за едногласната доверба што ми ја дадовте да останам на чело на ДУИ и во наредните четири години. Уверувам дека ќе ве претставувам со дигнитет како и до сега, рече Ахмети кој беше единствен номиниран за претседателската функција од сите 36 ограноци на ДУИ.