четврток, 13. август 2020. Вести денес: 115
Во живо

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Вести

Али Ахмети: Нека разберат, Гоце Делчев со кече на глава зборувал пред Албанците!

Али Ахмети: Нека разберат, Гоце Делчев со кече на глава зборувал пред Албанците!

Со кампањата денеска продолжија и партиите од албанскиот политички блок во Македонија. ДУИ продолжи да ја промовира својата програма каде која главно се темели дека е дојдено време Албанец да биде премиер на Македонија.

Во својот говор денеска од Камени мост во центарот на Скопје, Али Ахмети кажа дека со Гоце Делчев соработувале албански патриоти и заедно работеле со Македонците, за да ги решаваат проблемите на младите.

-Ако имаат малку почит за Гоце Делчев, нека разберат дека тој со кече на главата држел говори пред Албанците. Ако се наследници на Гоце Делчев, оваа кандидатура треба да ги направи среќни, порача Ахмети, пренесе АЛФА.

На средба со граѓаните во Дебар, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села пак порача дека со досегашните Албанци министри многу деца немале шанса да го научат албанскиот јазик.

-Со албанските министри за образование над 1.000 деца Албанци во Велес и во Чашка немаат право да учат на албански јазик. Правото на образование на албански јазик е невозможно. Потребите на Албанците овде во Македонија се за жал средновековни, додека нашите противници се горди на своите големи достигнувања, рече Села.

Коронавирус