вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 116
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Али Ахмети и Бујар Османи следни сведоци во „Монструм“

Али Ахмети и Бујар Османи следни сведоци во „Монструм“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот Бујар Османи се следните на листата сведоци за случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година. Тие треба да се појават на рочиштето закажано в петок, а освен нив е повикан и обвинителот Џелал Бајрами, кој е и поранешен министер за труд и социјална политика и заменик министер во МВР, пренесува 360.

Нивното сведочење беше најавено на крајот на денешното рочиште на кое сведочеа ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на БЈБ, Љупчо Тодоровски, познат како Радникот. Во судот се појави и Синиша Алексовски, но бидејќи претходните двајца сведоци се задржаа до речиси 16 часот, неговото сведочење се помести за 27 февруари.

 

Парламентарни избори 2020