четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Али Ахмети дециден: Албанскиот јазик официјален во сите државни институции на цела територија на Македонија

Али Ахмети дециден: Албанскиот јазик официјален во сите државни институции на цела територија на Македонија

Со новиот Закон за јазиците, албанскиот јазик не е официјален само во меѓународната употреба, туку на цела територија на Македонија, во сите државни институции албанскиот е службен јазик, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во вчерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат- М телевизија.

-Од законски аспект албанскиот не е во употреба само во меѓународна комуникација. Според Охридскиот Договор и според овој закон албанскиот јазик не е во употреба надвор од Македонија. Значи во конзулати, амбасади и така натаму. Инаку во сите државни институции вклучувајќи го и Собранието на Република Македонија, пишан, говорен, аркивиран, вклучувајќи ја владата на Македонија пишан, говорен, архивиран, вклучувајќи ги судовите, адвокатските канцеларии, истакна Али Ахмети на телевизија Алсат- М.

Ахмети исто така кажа дека, може да се земе законот да се анализира, да се коментира, тоа е голем успех на самото завршување на едно големо и значајно поглавје на Охридскиот Договор, како Договор кој функционирал на меѓународен план, затоа што има многу тешкотии.

Коронавирус