среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

Алгоритамот на Филипче причина за големата бројка на новозаразени и починати од КОВИД-19?!

Алгоритамот на Филипче причина за големата бројка на новозаразени и починати од КОВИД-19?!

Бројот на новозаразени и починати од КОВИД-19 и понатаму е на едно високо ниво во земјата. Се повеќе од очигледно е дека ниту на властите, ниту на министерот за здравство, Венко Филипче не им е гајле за сето ова. Едно од позначајните работи за кои граѓаните имаат многу нејаснотии е тоа што нивните матични лекари сега им посочуваат дека решението за завршување на изолација ќе им прекине откако три дена по ред ќе немаат никакви симптоми.

Зачудени од ова граѓаните го поставуваат прашањето дали алгоритамот на Филипче кој имаше измени при крајот на август потфрли и дали неефикасноста од тој алгоритам ги даде овие високи бројки на новозаразени и починати од КОВИД-19?

-Појавив симтоми на КОВИД-19 крајот на месец октомври. Имав болки во грлото, кашлање и изгубив  осет за мирис. Преку матичната докторка не можевме да закажаме тестирање во некоја од државните институции, па морав да закажам тестирање во приватна клиника. На 2 ноември добив позитивен  тест. По ваквиот тест ми следуваше решение за изолација од 20 дена, поточно решението за изолација ми истекува денес 23 ноември.Во петокот се слушнав со матичната докторка и кажав дека имам уште болки  во грлото, поткашлувам и не ми е целосно вратено сетилото за мирис. Од мојата матична добив одговор дека штом имам уште симптоми не може да ми се прекине решението за изолација бидејќи морам три последователни дена да немам никакви симптоми, ни раскажа лице кое е позитивно на вирусот.

Имено министерот за здравство, Венко Филипче некаде на крајот на месец август направи измени во алгоритамот за оздравување на пациенти заболени со КОВИД-19.

-Новиот алгоритам се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти. За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест. За разлика од досегашниот алгоритам, каде со истек од 14 дена беше потребно да се добијат 2 негативни последователни тестови во 24-48 часа, сега еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11-тиот ден. Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста – истиот ќе се смета за оздравен по истекот на 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните 3 последователни дена немал симптоми на болеста, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Коронавирус