вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 79
home Вести

„Aлфа ТВ“: Црвенковски не сака да зборува за промена на името, Милошоски вели некои прашања не залужуваат одговор, Попоски недостапен

„Aлфа ТВ“: Црвенковски не сака да зборува за промена на името, Милошоски вели некои прашања не залужуваат одговор, Попоски недостапен

Каде е поранешниот претседател на Македонија Бранко, Црвенковски? Зошто молчи во овие клучни моменти за државата?

Алфа ТВ јавува дека вака одговорило неговото обезбедување изутрината, пред вратата на претседателската канцеларија, откако без малку два часа го чекале Црвенковски да пристигне со намера да добијат одговори: Зошто не зборува? Дали ги оправдува промената на името, манипулацијата со референдумот, и претходно контроверзниот преспански договор? Ќе го бојкотира ли референдумот? Пред вратата на влезот ги забрза чекорите и не ги слушна нашите прашања. По неколку минутното убедување со обезбедувањето,  им беше речено дека има протокол: писмено поставување прашања.

Истите прашања ги поставивме електронски: не чувствува ли Црвенковски одговорност и должност како 13 години поддржуван од граѓаните, во период на транзицијата, како премиер и претседател, да им каже што мисли во овие решавачки моменти? Добивме само кус одговор: останува на став да не дава изјави за медиумите.

-Во врска со вашето барање ве известуваме дека претседателот Црвенковски останува на ставот да не дава изјави за медиуми, ниту пак да име медиумски настапи на било која тема, соопштија од кабинетот на поранешниот претседател на Р.Македонија.

Во минатото, Црвенковски не бегаше од одговори, беше јасен – изнаоѓање на решение на спорот со името, но со користење на двојна формула и без уставни измени, бидејќи тие носеле голем ризик. Црвенковски неколку пати додека беше присутен на политиката сцена истакна дека името на неговата држава е Македонија и само Македонија.

„Некои прашања не заслужуваат одговор“ легендарната антиреферендумска реченица на владата на Црвенковски во 2004, е сега одговорот на екс-министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Алфа побара одговор и од него. Во неговите зборови се надзира бојкот:

Тој е првиот во редовите на најголемата опозиција со вака директна порака. Истото прашање му го поставивме и на неговиот колега, сопартиец и поранешен МНР Никола Попоски. Одговор до овие вести не добивме.

Од сегашната структура на најголемата опозициска партија, се уште не соопштуваат дали ќе го бојкотираат референдумот, но посочија дека за евентуално гласање целокупната процедура мора да биде фер и демократска и мора да бидат запазени двата кумулативни услови: излезеноста, минимум 50 % + 1, и оние кои што ќе изгласаат „за“ да бидат минимум 50 % + 1.