среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Алфа: Суспендираниот советник Драган Симоновски се врати на работа во МВР

Алфа: Суспендираниот советник Драган Симоновски се врати на работа во МВР

Поранешниот советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски, Драган Симоновски повеќе не е под суспензија, потврдија за Алфа од МВР.

Како што јавува телевизијата, Симоновски се вратил на работа во полицијата, откако обвинителството по неколку месеци, одлучи да не го гони кривично, иако претходно побара МВР да го уапси поради сомнеж за издавање на службена тајна.

Драган Симоновски беше осомничен дека на осомничена во случај што го водела полицијата и кажал дека нејзините активности се следат и нејзиниот телефон е под посебни истражни мерки.

Обвинителството тогаш од судот побара и мерки на претпазливост за Симоновски и му беше одредена мерка за забрана на напуштање на местото на живеење.

-Што се случило во меѓувреме и зошто обвинителството и полицијата кои пред неколку месеци беа убедени во вината на тогаш државниот советник, сега се повлекуваат од негов кривичен прогон нема одговор, објавува телевизијата.