понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 169
home Вести

„Алфа“: Шилегов и Филипче си се самопоканија на крштевка и роденден кај Теодора, Петре среќен што присуствувал „на раѓање на живот“?!

„Алфа“: Шилегов и Филипче си се самопоканија на крштевка и роденден кај Теодора, Петре среќен што присуствувал „на раѓање на живот“?!

Малата Теодора е првото бебенце родено во новата година, но и најубав подарок за мајката Билјана Радевска од Скопје на која ова и е втора рожба. Тешка три килограми и 70 грама, а долга 49 сантиметри, малата девојка се родило само минута по полноќ, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Првото бебе денеска го посетија надлежните министри Филипче и Царовска , градоначалникот на Скопје, Шилегов. Традиционално семејството доби штедна книшка со 20.000 денари, златник, подароци за бебето, храна и пелени.

Министерот Филипче на среќните родители им го честита второто дете во семејството и им посакале да расне здраво и ги викнат на првиот роденден, а градоначалникот Шилегов во пријатен разговор со родителите, како што рече се поканиле и на крштевка кај малата Теодора, пренесува Алфа.

Покрај малата Теодора, како што информираше директорката, на Гинекологија утрово се родиле вкупно 10 бебиња. Според народните верувања годинава која е пред нас ќе биде среќна и бериќетна, бидејќи првото родено дете е девојче.

Коронавирус