вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 47
home Вести

„Алфа“: Правни или политички случаите против Груевски?

„Алфа“: Правни или политички случаите против Груевски?

Ниту провизија, ниту корупција, ниту каква било финансиска малверзација, нема во набавката на владиниот мерцедес, за што поранешниот премиер Никола Груевски треба да оди во затвор на две години, анализира Алфа.

-Каде се милионите и милијардите, за кои бесрамно водеа пропаганда против мене.Со сите институции насочени кон мене, со цел државен апарат фокусиран на мене, со одврзани раце да ми прават што сакаат, немаат ниту еден случај против мене за каква било проневера или корупција, па се сведоа на план да ме затвараат бидејќи сум сакал покрај другите ВИП странски гости и јас понекогаш да бидам превезуван во новото блиндирано возило, во време кога старото е на поправка – рече Груевски на 4 септември 2018.

Но не само овој случај и останатите 5 во кои е обвинет Груевски, СЈО не го гони кривично за  злоупотреба на државни пари.

-Во предметот за патиштата сум обвинет, како што кажа и самата обвинителка во судницата, дека сум влијаел да се изгради автопатот Охрид Кичево со цел да добијам политички поени пред следните парламентарни избори. Небаре е криминал ако политичар и премиер пред избори ги истакне завршените проекти и со нив побара нова поддршка од граѓаните. Третото обвинение е затоа што е урната една класична дивоградба, при што инвеститорот се жалел и загубил на сите можни судски инстанци, а доказите дека е дивоградба се уште стојат, а тоа се несрушените темели на објектот дивоградба. Четвртиот предмет е дека сум потикнал насилство при што под насилство подразбираат протести на граѓанска иницијатива на кои обвинетите 8 лица кои наводно сториле насилство според приложените докази на СЈО и сведоците  кои се против нив ниту некого повредиле ниту нешто оштетиле но ги теретат бидејќи советниците на СДСМ  се вознемириле и добиле чувство на несигурност заради протестите. Петтиот предмет е Титаник каде како и во претходните 4 случаи немаат ниту сведок против мене ниту мој потпис ниту каков било доказ за какво било кривично дело  и за се што ме теретат всушност ме теретат бидејќи во тој период сум бил водач на ВМРО-ДПМНЕ, вели Груевски.

Поранешниот премиер уште минатиот месец предупреди дека судиите не одлучуваат според правните основи, туку како што рече имаат политичка директива по која носат одлуки, се со една цел за тој според нечии желби што побрзо да биде затворен. Груевски минатата недела доби упатен акт да се јави на извршување на затворската казна од 2 години, роковите за упатување кои обично се од два до неколку месеци за екс премиерот се скратени на 13 дена.

Коронавирус