четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 85
home Вести

„Алфа“: Незаконски избркана, а се колнат во законитост

„Алфа“: Незаконски избркана, а се колнат во законитост

Понекогаш чудни се патиштата на првдата и правичноста во животот, а судбината може сериозно да си поигра оствајќи млади и образовани луѓе без егзистенција. Јасминка Андреева кога се вработи како педагог во основно училиште во февруари 2016 година, не ни сонуваше дека по само две години ќе добие шут- карта бидејќи, како што вели, некој оценил дека е партиски неподобна за новата власт.

– С`е беше во ред до февруари 2018 година. Конкурирав на огласот што го објави училиштето со одлука на директорот и бев единствениот кандидат што ги исполнува условите за тоа работно место, стручен соработник- педагог во основно училиште. Добив и позитивно мислење од Училишниот одбор. Но, за жал, в.д. директорот на ОУ “Д-р Трифун Пановски“ Пецо Димовски одлучи да неизврши избор по огласот поради новонастанати ситуации во образованието во Општината Битола. Мене с`е уште не ми е јасно кои тие неприлики го зафатија образованието, поради кои не се изврши избор- рече избрканиот педагог Јасминка Андреева.

Дури и тромесечниот договор што не бил изминат, брзајќи да се ослободи од нејзе, в-д. директорот го прекинал и Андреева добила отказ.

– На неговата одлука поднесов приговор до Училишниот одбор и истиот беше усвоен чии одлуки се конечни и директорот треба да постапи кон нивно извршување. Меѓутоа, в.д. директорот одлучи да го прекине мојот работен однос- рече Андреева.

Според нејзе, во игра била нарачка за вработување на лице од друга општина.

– В.д. директорот се втурна во една незаконска авантрура за преземање на просветен работник од друга оштина, за што, и самата градоначалничка во петокот кога бев на состанок, потврди дека неисполнува ниту еден од условите- рече Андреева.

Пред нецела недела, во изјава за Алфа, првата дама на Битола рече дека се залага за законито работење на училишните директори.

– Од секогаш сум велела дека директорите мора да ги почитуваат законските одредби. Значи, тоа им е обврска и обврска ние тоа на сите нам во рабоњето-рече градоначалничката Наташа Петровска.
Арно ама, овој случај покажува поинаква пракса. Допрва во судска постапка, многу мина набркани наставници, воспитувачи, педагози и други кадри, 150 на број само во Битола и Прилеп, правдата ќе мораат да ја бараат преку суд, исто како и Јасминка Андреева.

Коронавирус