петок, 3. јули 2020. Вести денес: 190
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните на Сопиште

home Вести

Објавени имињата на новите началници во МВР

Објавени имињата на новите началници во МВР

12 позиции во МВР денеска добиваат нови началнички и раководни позиции по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев.  ТВ Алфа го објави списокот на рокадите.

1-Досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, се менува со Виш полициски советник Ристо Ставревски

2-СВР Битола се менува Славко Јовановски, со Андреј Василевски

3-СВР Велес се менува Злате Јаневски со Игор Ангеловски

4- СВР Струмица се менува Танчо Пројковски со Васко Тодоров

5-СВР Штип се менува Маријан Коцев со Александар Николов

6-СВР Охрид се менува со Сашо Смилески со Илија Милески

7-оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал се менува Лазо Велковски со Александар Јанев

8-началник на интервентна единица СВР Скопје се менува Примислав Димовски со Васко Наумовски

9-оддел за специјални полициски операции се менува Бранко Трајановски со Сашо Зенговски.

10-помошник министер на одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди се менува Дејан Андонов со Филип Филиповски

11- оддел за внатрешни работи Прилеп се менува Игор Каравилоски со Трајче Горгиески

12. Помошник министр на одделот на информатика и телкомуникации на место на Марјан Коцев е имануван Здравко Стојков.
Чулев има право да назначи 15 нови позиции, за останатите три дополнително ќе одлучува министерот. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.

Парламентарни избори 2020