четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

„Алфа“ ексклузивно открива што има во дописот на амбасадорот Наумовски до МНР за скандалот во Вашингтон

„Алфа“ ексклузивно открива што има во дописот на амбасадорот Наумовски до МНР за скандалот во Вашингтон

Ниту бил предвиден во составот на делегацијата на министерката Шекеринска ниту било возможно самоиницијативно да се појави на средбите со што би покажал непочитување и проблеми во протоколот и безбедноста.

Македонскиот амбасадор во САД Васко Наумовски доставил допис на четири страници до МНР, до кој ТВ Алфа преку свои извори во министерството дојде, каде ги расветлува деталите од скандалот за кој министерката за одбрана го обвини токму него.

Во дописот објаснува дека составот на делегацијата и форматот на состаноците го одредува шефот на делегацијата, а секој обид на амбасадорот самоиницијативно да стане дел од средбите би значело непочитување на шефот на делегацијата, и би предизвикало проблеми во протоколот и безбедноста. Притоа невозможно е присуство на дипломат на средба доколку не е претходно најавен, а особено не во државните институции на САД.

Во програмата јасно е наведено дека лице за пречек е одбранбеното аташе, а не амбасадорот. Појавувањето на амбасадорот на пречекот би значело непочитување на волјата и очекувањата на делегацијата. Во однос на сите средби, форматот ги вклучувал само членовите на делегацијата, меѓу кои го нема амбасадорот. Нејасно е каде амбасадорот би се појавил, доколку не е предвиден на средбите, а останатите термини се означени како “приватно време”.

Амбасадорот немал намера да изразува интерес и да навлегува во ничие приватно време, особено не на високи функционери. И уште нешто. Во изминатиот период беа организирани повеќе посети на делегации (Анѓушев, Димитров, Груби, Кирацоски, Адеми) при што секогаш амбасадорот бил дел од делегациите, и присуствувал на средбите, што е јасен демант на обвинувањата за некакво политичко делување.

„Алфа“ дојде и до драфт програмата на посетатата на вицепремиерката Радмила Шекеринска на Вашингтон на која, под датумот 23 април, стои дека делегацијата е составена од шест лица.

Видепремиерката Шекеринска лично, шефот на нејзиниот кабинет Катерина Ставревска, потоа полковник Зоран Ставревски од Министерството за одбрана, Лидија Јанчовска Христова како специјална советничка на министерката, камерман, како и одбранбеното аташе во Вашинготн, полковникот Ивица Ампов, инаку лице кое ја извршува оваа функција противзаконски, на избор на министерката, но без амин од претседателот Иванов и без претходен интерен оглас во одбрана. Амбасадорот Наумовски во оваа програма никаде го нема. Истото, иако индиректно на Алфа и го потврдија МНР и МО во нивниот заеднички одговор на нашите прашања. И покрај тоа, Шекеринска го обвини амбасадорот за скандалозно однесување, а од МНР денеска соопштија дека ќе биде вратен на консултации во Скопје.

– Должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји. Во постапка и во договор со министерот Никола Димитров амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во земјата, при што во соодветна постапка ќе бидат утвреди сите факти од овој случај изјави државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, на денешната прес конференција.

Против Наумовски беа напишани и серија обвинувачки текстови во провладините медиуми при што, сосем небулозно, беше обвинет дури и завелепредавство.

Коронавирус