среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Алексовска: 365 дена за жената и семејството

Алексовска: 365 дена за жената и семејството

Денот на жената и тоа не само декларативно 8  Март, туку 365 дена во годината бидејќи ние жените сме борци за нашите права.

Многу е јасно дека столбот во опшеството сме токму ние жените.  Затоа започнувајќи од денес секој 8 во месецот Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за труд и социјална политика ќе организираат различни тематски денови за дружење и праќање на порака до власта за остварување и борба за права и еднаквост на жените и СТОП за насилство кон жените и девојчињата особено СТОП на силување на малолетничќи и ОДГОВОРНОСТ и оставки од носителите на власта.

Додека во предизборието партија која сега ја предводи власта се фалеше дека ќе се  унапреди улогата на жената во ова општество, не само што не е унапредена, туку жената е втурната на дното.

Зарем унапредување на улогата на жената е силувањето и злоставувањето на девојчиња сместени по институциите на системот. Колку и да сакаат да се затскриваат зад маските, нивното лице е веќе откриено. Каде е превенцијата и заштитата на младите девојки? Како овие девојки понатаму ќе го живеат животот.. Како овие девојќи ќе се справат со траумите кои им ги наметна системот на владеење на оваа владејачка гарнитура? Како овие девојки ќе формираат семејство? И што овие девојки ќе им раскажат на сопствените деца ?

Нашата партија постојано ќе им дише во врат, и нема да дозволиме веќе да го рушат системот, на сметка на човечки животи… Денес е детето на соседот, утре е моето дете, задутре вашето.. Сега е мајката, утре е девојчето.. Не е важно кој е.. Туку, колкава штета трпиме сите ние од штетните политики на оваа власт.  Затоа ве уверувам дека нашата партија будно ги следи сите чекори на владејачката гарнитура и сите заедно ќе ставиме крај на погубните политики.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе Закон за заштита, превенција и спречување на семејно насилство, но за жал оваа Влада не знае ни да го примени овој Закон, жртвите го напуштаат огништето, децата најмногу страдаат. Ратификувањето на Истанбулската конвенција е само маска, не е донесен акциски план за спроведување и ќе остане декларативно само хартија.

Би сакала посебен фокус да ставиме на семејството. Нашата партија десничарски ориентирана го промовира семејството кое несомнено и без дилема е основна клетка на човештвото. Се започнува оттука и се завршува тука…

Најдобрата заштита  која секоја жена може да ја има е нејзината храброст!

Жената може да биде успешна мајка, домаќинка, политичарка, директорка, бизнисменка и се тоа заедно во исто време затоа што е ЖЕНА!

Пишува Слободанка Алексовска, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус