петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 52
home Вести

Алексиќ: Одбраната немаше можност да се вклучи за да ги каже своите аргументи и да се произнесе по наводите од СЈО

Алексиќ: Одбраната немаше можност да се вклучи за да ги каже своите аргументи и да се произнесе по наводите од СЈО

Одбраната не е запознаена со предлогот за определување притвор на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ниту сме примиле предлог, нема ниту белешка, изјави адвокатот Сања Алексиќ на денешната седница на Апелација на која се разгледува жалбата на Јанакиески за мерката притвор.

Постапката е водена еднострано, бидејќи како што истакна Алексиќ, одбраната немала можност да се вклучи и да ги каже своите аргументи, како и да се произнесе по наводите од СЈО.

Јанакиески пак, посочи дека судовите вршат прекршување на законите и праксите на европскиот суд за човекови права.

Вели дека ќе докаже дека решението за притвор е неосновано, незаконито и контрадикторно.

Јанакиески изјави дека самото решение е базирано на фиктивна белешка.

„На 14.11.2018 година ми беше врачено решение во 5 часот за определена мерка притвор без притоа да дадам изјава или да бидам сослушан од страна на кривичниот совет и да бидат избестени моите бранители. Ваквото незаконско постапување е спротивно на судската пракса.“

Додава дека со измените на законот за судови пресудите на европскиот суд за човекови права се обврзувачки при постапување во македонските судови.

Екс министерот за транспорт и врски во својата одбрана изложена пред Апелација, а во однос на барањето да биде укината мерката притвор која беше донесен врз основ на белешка од УБК вели дека самата белешка е направена истиот ден кога се дознава за бегството на Никола Груевски и истата наместо да биде доставена до судот, е доставена со СЈО со што е прекршен член 108 од Законот за кривичната постапка.

„Во однос на тврдењата во Решението, т.е. белешката дека преку посредник била остварена средба со Претседателот на Република Македонија, со цел да се издејствува амнестија за сите лица против кои се водат судски процеси од страна на СЈО, понатаму е наведено дека овој предлог бил одбиен, додека јас сум бил иницијатор на средбата. По завршување на средбата со Претседателот, наводно посредникот се упатил на средба со мене за да ми го пренесе ставот, а јас наводно сум кажал дека ќе се дадам во бегство, бидејќи амнестијата ми била последна шанса.“

За горенаведените факти во Решението, т.е. белешката од УБК, Јанакиески истакна повеќе нелогичности, но и факти кои ќе докажат дека Решението се базира на фиктивна белешка:

  1. Не е наведено во кои денови, каде и во колку часот биле остварени средбите помеѓу мене и посредникот.
  2. Нема податок за датумот, времето и местото кога е остварена средбата помеѓу посредникот и Претседателот.
  3. Во Решението не е презентирано дали СЈО или Кривичниот совет направиле проверка со Кабинетот на Претседателот Иванов дали таква средба воопшто била одржана, која била темата, но и нивото на доверливост на изворот, кога веќе белешката не е доставена во прилог на Решението, па ниту јас, ниту мојата одбрана ја имаме на увид.
  4. Одбраната и јас немаме податок дали некој орган ги проверил безбедносните камери и дали добиле информација од припадниците на МВР кои го евидентираат секој посетител, со цел да потврдат дали имало средба со посредникот и Претседателот Иванов.

Понатаму Јанакиески го замоли судот во однос на утврдување на веродостојноста од Решението, т.е. белешката во предвид да ги земат соопштенијата од Кабинетот на Претседателот, чија содржина ја слушнал на радио, каде во целост ја демантираат содржината на белешката, т.е. дека Претседателот воопшто немал средба со посредник, ниту пак дискутирал на тема амнестија.

-Не смее да се стави знак на еднаквост помеѓу став, т.е. соопштение од институција како што е Претседател на Република Македонија со белешка од некој вработен во УБК. За овој вработен, ако има правда во Република Македонија, треба да се преземат најригорозни мерки за лажен исказ, т.е. доставување на фиктивна белешка, потенцираше Јанакиески.

Коронавирус