четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Албин Курти: Ги повикуваме нашите дипломатски и владини институции итно да ги следат сите постапки за да може Томор да биде ослободен што е можно поскоро

Албин Курти: Ги повикуваме нашите дипломатски и владини институции итно да ги следат сите постапки за да може Томор да биде ослободен што е можно поскоро

Лидерот на косовското опозициско Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти на својот Фејсбук профил објави статус поврзан со апсењето на поранешниот борец на УЧК Томор Морина.

-Деновиве, за време на службено патување во странство, од медиумите дознав дека поранешен борец на УЧК, Томор Морина е приведен во северна Македонија. Неговото притворање дојде како резултат на налогот за апсење издаден од Србија против нашите ослободителни борци. Томор е еден од многуте војници на УЧК кои се уапсени, а некои и со години се држени во затвор со налог за апсење од Србија, и за кои многумина наши граѓани слушнале само кога биле ослободени, но властите во меѓувреме преговарале со Србија, без воопшто да го покренат како услов ова прашање. Отсекогаш сме имале импровизирани реакции на косовската држава кон систематските потерници за апсење на Србија. Додека Србија ги бара сите, како припадници на УЧК, нашите институции реагираат во зависност од позицијата на војникот. За некој се прави голема галама за тоа што е некаде интервјуиран, а за Томор Морина сè уште нема државна реакција, иако тој е во предпроцес за екстрадиција. Со различниот третман на војниците, самото Косово не ја брани УЧК. Бараме итно ослободување на војникот на УЧК и граѓанинот на Република Косово, Томор Морина. Ги повикуваме нашите дипломатски и владини институции итно да ги следат сите постапки за да може Томор да биде ослободен што е можно поскоро, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус