петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 180
home Вести

Албанскиот парламент треба да го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Албанскиот парламент треба да го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Албанскиот парламент на денешната пленарна седница закажана за 10 часот се очекува да го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Според дневниот ред објавен на сајтот на албанскиот законодавен дом, Протоколот треба да се изгласа со апсолутно мнозинство. Пред тоа предвидено е да зборуваат претседателите на парламентарната Комисија за надворешни работи, за национална безбедност и Законодавната комисија, како и координаторите на парламентарните групи.

Претходно по усвојувањето на одлуката од страна на Владата на премиерот Еди Рама, Протоколот за членство на Република Северна Македонија едногласно го подржаа Парламентарната комисија за надворешна политика и законодавната комисија.

Како што наведоа албанските медуми членовите на комисиите, од власта и од опозицијата,по долг период за првпат биле одногласни околу едно прашање а тоа е токму изгласувањето на Протоколот, со кој се отвора патот за соседна и пријателска Македонија да се приклучи во НАТО како 30-та членка.

По Грција и Словенија, Албанија ќе биде третата земја членка на северноатланската Алијанса која ќе го потпиша Протоколот. Набрзо се очекува тоа да го стори и Бугарија,откако Владата му предложи на Народното Собрание да го ратифкува Протоколот. (МИА)

Локални избори 2021