среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 172
home Вести

Албански EXIT потврдува- Заев договарал зделка со Либијскиот тајкун од Малта

Албански EXIT потврдува- Заев договарал зделка со Либијскиот тајкун од Малта

Поранешниот малтешки премиер е обвинет за кражба во зделка со компанија која подготвува јавно приватно партнерство за Албанскиот здравствен систем Лидерот на опозицијата во Малта го обвини екс-премиерот Јозеф Мускат за „кражба со предумисла“ за неговата улога во договор со компанија која планира зделки за јавно приватно партнерство во Албанија, Црна Гора и Македонија.

Со договорот со „Виталс Глобал Хелткер“ три државни болници се предаваат на приватната компанија на која и е дадена концесијата да раководи со нив во следните 99 години. Зделката тешка околу 7 милијарди евра, „ВГХ“ исто така профитираше со над 100 милиони евра, и не оствари ништо од договореното, а потоа беше продадена на американската компанија „Стјуарт Хелткер“ за 1 евро. Тогаш беше откриено дека о Виталс и Стјуард биле впрочем иста компанија и профитиралие од концесии, додека даночните обврзници на Малта биле во целосна загуба. Министрите вклучени во посредувањето на договорот во моментов се под кривична истрага. Лидерот на опозицијата, Адријан Делија, на денешната прес-конференција рече „Јас веќе го кажав ова: оваа [зделката] беше план за заработка од милиони со предумисла за неуспех“.

Откриено е дека Мускат, по оставката по протестите во врска со него и неговиот кабинет за наводната вмешаност во атентатот на новинарот Дафне Каруана Галиција, сè уште лобира во Владата за повеќе пари за договорот. Делија додаде: „Неверојатно е што ние и исплативме на Виталис 180 милиони евра веднаш, а потоа постојано им плаќавме милиони годишно, уште 20 милиони евра во 2016 година, 40 милиони евра во 2017 година, уште 40 милиони евра во 2018 година и 50 милиони евра во 2019 година. И Јозефф Мускат му пријде на Абела за да му рече дека треба да продолжиме да ги плаќаме.

За што? Тие ни ги зедоа парите, имотот и ништо не вратија “. ВГХ потпиша меморандум со владата на Црна Гора за изградба на нови болници. Кога ВГХ беше продадена на Стјуард, владата потпиша нов Меморандум за управување со слични одредби со новата компанија. Албанското Министерство за здравство тогаш потпиша Меморандум за соработка со Црногорското Министерство за здравство за размена на контакти во медицинската област. Албанскиот премиер Еди Рама тогаш, наводно, подготви закон со кој ќе се овозможи јавно приватно-партнерство во Албанија, отворајќи го патот за повторување на неуспешниот договор на Малта во Албанија.

Во меѓувреме, инвеститорите Шри Рам Тумулури и Шаукат Али Гахфур кои стоеја зад ВГХ и Стјуард остварија голем број посети на Албанија и Црна Гора за понатамошно преговарање на договори. Претставници на Стјуард се состана и со македонскиот премиер Зоран Заев и тој исто така ја посети Малта за да се сретне со Мускат. Стјуард Хелткер, наводно, планира да управува со неколку болници во Албанија, вклучително и една во пристанишниот град Валона.

Коронавирус