Блерим Река испрати писмо до Тирана за разрешување на Селмани од позицијата почесен конзул заради учество во кампањата на Пендаровски Независниот кандидат за претседателските избори во Северна Македонија, Блерим Река, реагираше во врска со вклучувањето во кампањата на Имер Селмани, почесниот конзул на Република Албанија со седиште во Битола.
“На синоќешната конвенција на кандидатот на СДСМ во Скопје, Имер Селмани во својот говор го презентираше и ја поддржа кандидатурата на Стево Пендаровски, со што политички се определи, а во меѓувреме ја извршува функцијата конзул”, се вели во реакцијата на штабот на проф.др. Блерим Река, упатена до премиерот на Албанија, Еди Рама, министерот за надворешни работи, Гент Цакај, и амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.
“Политичката злоупотреба на позицијата на почесен конзул на Република Албанија за лични интереси не му оди во прилог ниту Република Албанија, ниту на Република Северна Македонија и ниту на граѓаните на оваа земја. За овој прекршок, независниот кандидат, проф. Блерим Река, ќе бара средба со амбасадорот на Албанија во Македонија, г-дин Фатос Река, а од Министерството за надворешни работи на Република Албанија ќе бара разрешување на Имер Селмани од позиција на почесен конзул. “, се вели во реакцијата.
Извор: ina-online.net