вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Вести

Албанците со уставните измени ќе бараат и официјален албански јазик и државотворен статус

Албанците со уставните измени ќе бараат и официјален албански јазик и државотворен статус

Во дебата на тема референдумот и Албанците, во емисијата “Патот кон“ на Алсат-м телевизија, соговорниците припадници на албанската етничка заедница, едногласно се изјаснија дека Албанците во Македонија ќе дадат се од себе референдумот да успее, но за возврат со уставните измени кои следат да добијат официјално службен албански јазик и државотворен уставно-правен статус.

Веби Џемаили, познат по своите контроверзни изјави во однос на македонската историја, смета дека првин треба да почекаат успешно да помине референдумот и после тоа да се инсистира на целосна рамноправност меѓу Албанците и Македонците.

– Мислам дека треба првин да чекаме да помине оваа прва фаза која е загрозена. Да го поминеме јазот а потоа треба да седнеме на сосема рамноправен начин и многу искрено да го штитиме нашиот дигнитет во државата. Бидејќи ние денеска, гледам и Илир Мета и другите велат дека Албанците се државотворни. Тоа само во сон. Државата е нивна. Ако сега сојде до уставни измени, Албанците мора да бидат еднакви со Македонците во државата бидејќи се двата основни столба на оваа држава. Ние сега ќе дадеме се од себе за да помине договорот, но, потоа треба со инсистирање да бараме еднаш засекогаш да се постигне целосна рамноправност меѓу Албанците и Македонците во оваа заедничка држава, рече Џемаили.

Додека пак, претседателот на Организацијата на воените ветерани, Бесим Хода, истакна дека албанските политички партии наместо да го рекламираат Заев по албанските населени места, треба да се врата на политичката платформа во јавноста позната како Тиранска Платформа, и на средбите кои ги прават со граѓаните за референдумот да им гарантираат, дека после заедно ќе инсистираат за албанскиот јазик и за статусот на Албанците за државотворен народ.

– Јас мислам дека албанските политички партии наместо еден месец да излегуваат и да шетаат со Премиерот по албанските населени места за да го рекламираат, требаше да се вратат во единствената победа во овие 20 години демократија во Македонија, во политичката платформа која ја потпишаа за координација кај Албанците и во овој еден месец на средбите што ќе ги прават ЗА референдумот на Албанците да им гарантираат дека после ова тие заедно ќе седнат и ќе бараат официјализирање на албанскиот јазик и да инсистираат на тоа, Албанците покрај Македонците да бидат државотворен народ. ова треба да го направат сега, бидејќи ќе излезат пред граѓаните и треба да кажат нешто. За референдумот се знае, Албанците го кажале своето и нема потреба некој да им каже, рече Хода.

Учесниците на дебатата исто така едногласно истакнаа дека не само што ќе излезат да гласаат, туку и дека ќе се обидат да убедат многу други да го направат истото и да гласаат ЗА на раферендумот на 30-ти септември.