петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 29
home Вести

Албанците пресудија- Пендаровски нов претседател на државата

Албанците пресудија- Пендаровски нов претседател на државата

Победа на Стево Пендаровски со 58.606 гласа- ова е крајниот резултат од Државната изборна комисија по денешното гласање на претседателските избори.

Пендаровски освои 436.012, односно 51,67% од гласовите, а Гордана Силјановска Давкова 377.406 или 44,73 проценти од гласовите. Неважечки се 30.415 ливчиња или 3,6 отсто од вкупниот број гласачки ливчиња кои се нашле во изборните кутии.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес конференцијата му честиташе на кандидатот на СДСМ, ДУИ и Коалицијата, Стево Пендаровски изразувајќи надеж дека тој ќе ја извршува функцијата успешно во следните 5 години.

Она што е впечатливо е дека водството на Пендаровски дојде од општините каде има мнозинство албанско население.

Силјановска пак, освои повеќе гласови кај македонското население, но СДСМ благодарение на ДУИ успеа да ја зголеми таа минимална предност од 4.500 гласа која Пендаровски ја имаше по првиот круг од изборите.

Сарај 7700 гласови разлика во полза на Пендаровски

Теарце 3200 гласови разлика во полза на Пендаровски

Липково 6500 гласови разлика во полза на Пендаровски

Гостивар 7000 гласови разлика во полза на Пендаровски

Тетово 10 000 гласови разлика во полза на Пендаровски

Струга 6000 гласови разлика во полза на Пендаровски

Желино 3600 гласови разлика во полза на Пендаровски

Куманово 4000 гласови разлика во полза на Пендаровски

Долнени 2000 гласови разлика во полза на Пендаровски

Студеничани 4000 гласови разлика во полза на Пендаровски

Струмица 3000 гласови разлика во полза на Пендаровски

Кичево 3000 гласови разлика во полза на Пендаровски

Карпош 2 500 гласови разлика во полза на Пендаровски

Центар 3 500 гласови разлика во полза на Пендаровски

Вкупно 66 000 гласови разлика во полза на Пендаровски

Дополнително е разликата од Чаир- 11.939 гласа во полза на Пендаровски.

Коронавирус