среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 113
home Вести

Алармантно: Вечерва во Карпош не се диши, загадени се и Центар, Миладиновци и Куманово

Алармантно: Вечерва во Карпош не се диши, загадени се и Центар, Миладиновци и Куманово

Загрижувачки бројки вечерва покажуваат мерните станици за квалитетот на воздухот во повеќе скопски населби.

Најалармантно е во Карпош каде во моментов загаденоста изнесува 192 ПМ честички во воздухот.

Потоа најзагадено е кај Ректоратот каде загаденоста изнесува 149 ПМ честички во воздухот, па скопско Миладиновци со 146 ПМ честички во воздухот и Центар со 126 ПМ честички во воздухот.

Освен Скопје загадено вечерва е и во Куманово.

Инаку денеска Скопје се врати во топ 10-те најзагадени градови на светот.

Претпладнево, македонската метропола се најде на 9. место по загаденост во светот на глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“).

Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од 153, и се најде во друштво со традиционално најзагадените градови како Њу Делхи Лахоре, Дака и Калкута.

Пред пет дена на истата апликација Скопје се најде на шестото место по загаденост.